За македонските фудбалски прволигаши нема многу време за одмор. Откако вчера беше заокружено 10-тото коло од утре до петок ќе се играат натпреварите од единаесеттото.
Дербито на колото ќе биде последно, а ќе се игра во петок во Скопје, каде новиот лидер на табелата Вардар го пречекува кратовски Силекс. Истиот ден ќе се игра и дуелот во Струмица каде АП Брера ќе го пречека шампионот Шкендија,
Еден натпревар, оној во Битола, каде Пелистер ќе го пречека Тиквеш ќе се игра под рефлектори, во терминот од 17 часот.
Тој дуел на програмата е во четврток како и натпреварот меѓу Шкупи – Струга ТЛ. Тие ќе почнат од 13.30 часот како и утрешните меѓи Македонија ЃП и Башкими односно, Арсими и Работнички.
ПМФЛ – 11 КОЛО
Среда
МАКЕДОНИЈА ЃП – БАШКИМИ 13:30 ч.
АРСИМИ – РАБОТНИЧКИ 13:30 ч.
Четврток
ШКУПИ – СТРУГА Т.Л. 13:30 ч.
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 17:00 ч.
Петок
ВАРДАР – СИЛЕКС 13:30 ч.
АП БРЕРА – ШКЕНДИЈА 13:30 ч.

































