Макеоднскиот вицешампион ТФТ ја впиша и втората победа во новата сезона на регионалната кошаркарска АБА2 лига.

По триумфот на гости кај Раднички, тимот на ТФТ славеше и на првиот натпревар пред својата публика против новосадска Војводина. На натпреварот одигран во СЦ „Кале“, ТФТ ја победи Војводина со 75-71.

Рамноправно се играче три четвртини, а во последната гостите беа оние кои одлично стартуваа. Двата тима триесет минути, честопати се менува во водство, за во последниот квартал Војводина да влезе со два поени предност (56-58). Гостите од Нови Сад последниот период го отворија со низа од седум поени и во 33-минута поведоа со највисоки +9 (56-65).

Сепак, макеоднскиот вицешампион не се предаде, напротив покажа карактер. Кошаркарите на ТФТ возвратија со серија до 10-0 и поведоа со поен разлика (67-65). Тешко одеше реализацијата на поените на двете страни, па во поседната минута ТФТ влезе со +3 (69-66). Во „пенал“ завршницата, двата тима ги реализираа слободните фрлања, а тоа му одеше во прилог на ТФТ кој славеше со конечни 75-71.

Џастин Гордон со 21 поени и 8 скокови беше првото име во победничката екипа на ТФТ. Американецот имаше поддршка од макеоднскиот репрезентативец Виктор Ташовски со 18 поени, 8 скокови и 5 асистенции, како и Говенс кој додаде 14 поени.

Следен противник на тимот на ТФТ ќе иде словенскиот Хелисо во натпреварот што ќе се игра во Скопје на 4 ноември. Ден подоцна (5 ноември) својот трет натпревар ќе го одиграат кошаркарите на МЗТ Скопје кои имаат по една победа и пораз. Тие ќе гостуваат кај екипата на Студент.

Следете нé на социјалните мрежи