Претпоследниот натпревар од 10.коло во ПМФЛ се одигра попладнево во Кратово. Таму домашниот тим на Силекс славеше очекувана победа над битолски Пелистер со 3-1.
Уште во 11-тата минута Дарко Додев го отвори резултатот, со првенецот за него сезоната, за водство на Силекс од 1-0. И во продолжението на натпреварот, кратовци беа оние кои имаа повеќе од играта и го загрозуваа противничкиот гол. Се заканија, Донов и Мирчевски, но до крајот на полувремето резултатот остана не променет.
Дека денеска Додев беше најдобриот поединец на натпреварот, тој потврди во 54-тата минута. Со својот втор гол Додев зголеми на 2-0. Неизвесноста ја врати Спировски со погодокот во 61.минута намалувајќи на 2-1. Сепак, сите дилеми околу победникот ги разреши Говедарица со голот во 86.минута, за конечни 3-1 за Силекс.
Со оваа победа и новите три бода, а вкупно 21, Силекс се израмни со Вардар и Шкендија кои утре ќе го играат дербито во Тетово. Евентуален триумф на било кој тим во утрешното дерби ќе го промовира во нов лидер на табелата пред Струга ТЛ која вчера беше изненадена од АП Брера.
ПМФЛ – 10 Коло
Недела
СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР 3-1
Понеделник
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 13.30 часот
Одиграно
ТИКВЕШ – АРСИМИ 3-4
БАШКИМИ – ШКУПИ 4-1
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
СТРУГА Т.Л. – АП БРЕРА 2-3
































