Во првата македонска фудбалска лига попладнево ќе се играат два натпревари од десеттото коло.
По вчерашните 12 голови на првите два натпревари, очекувањата се дека и на денешните стрелците ќе идат расположени.
Особено тоа важи за натпреварот во Струга каде лидерот Трим Лум ја пречекува струмичка АП Брера. Стружани заедно со Вардар се најефикасните две екипи во првенство со по 22 постигнати голови. Гостинскиот состав на струмичани, полека фаќа ритам и влезе во низа од три натпревари без пораз.
Во вториот денешен дуел, Работнички кој е претпоследен на табелата ќе биде домаќин на Македонија Ѓорче Петров. „Романтичарите“ од Дебар Маало играат под очекувањата, а на последните четири натпревари претрпеа три порази. „Лавовите“ од Ѓорче пак играат променливо. Тие на последните пет натпревари имаат три победи и два порази.
Бодовите за сите четири екипи се повеќе од потребни, а кој колку ќе освои, останува да видиме во двата натпревари кои ќе стартуваат од 14.30 часот.
ПМФЛ – 10 Коло
Сабота
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 14.30 ч
СТРУГА Т.Л. – АП БРЕРА 14.30 ч
Недела
СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР 14.30 ч
Понеделник
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 14.30 ч
Петок
ТИКВЕШ – АРСИМИ 3-4
БАШКИМИ – ШКУПИ 4-1


































