Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги информира навивачите дека започна продажбата на билети за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026, кој ќе се одигра на 18. ноември во Кардиф, меѓу репрезентациите на Велс и Македонија.
За македонските навивачи според правилата на УЕФА се издвоени близу 1500 билети во секторот од стадионот наменет за гостински навивачи. Цената на влезница, утврдена од Фудбалската асоцијација на Велс, изнесува 2.800 денари.
Купувањето на билетите ќе се одвива преку официјалната платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk.
Целата постапка за купување и преземање на билетите за натпреварот Велс – Македонија е детално објаснета на линкот подолу. Истите информации се достапни и на платформата на ФФМ за продажба на билети.




























