Тимот Кожув се радуваше на втората првенствена победа во машката кошаркарска Супер лига.

Гевгелискиот тим со звукот на сирената го доби дуелот против Гостивар со 73-72.

Во интересен и релативно израмнет натпревар, гостите од Гостивар во најголемиот дел од мечот имаа предност. Сепак стекнатата предност гостиварци не знаеја како да ја материјализираат со два бода.

На 3 секунди до крајот при поен предност на Гостивар (70-71), Карахоџиќ од двете реализира едно слободно фрлање за водство 70-72. Иако гостиварци се понадеваа дека ќе се радуваа, сепак така не мислеше Пурвис кој со тројка со звук на сирената донесе победа на Кожув со 73-72.

Така 20 поени на Карахоџиќ и еден повеќе на Абрахам за Гостивар останаа залудни. прв стрелец во победничката екипа беше Декариј Николас со 19 поени на кои додаде и 7 кока и 4 асистенции.

Следете нé на социјалните мрежи

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 3 КОЛО

Вторник
КОЖУВ – ГОСТИВАР 73-72
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 99-87
ЧАИР – ТФТ 19:30 часот (во тек)
Среда
КУМАНОВО – ФЕНИКС 20:00
Петок
АНГЕЛИ – МЗТ СКОПЈЕ А. 18:00
ПЕЛИСТЕР – МАЏАРИ 19:00