Кошаркарите на битолски Пелистер во среда ги чека нов натпревар во ФИБА Европскиот куп.

Во рамките од 2.коло на Д групата, пелистерци ќе го пречекаат словачкиот тим на Превидза.

Битолчани од денеска ги пуштија во продажба картите за овој натпревар, и тоа по цена од 200 денари.

Зелено-белите очекуваат поддршка од трибините и „Чкембарите“ во настојувањето да се оствару првата победа.

Натпреварот што ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ во среда, ќе почне од 19 часот.

Следете нé на социјалните мрежи