Ракометарите на макеоднскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер немаа ниту 20 часа одмор. По вчерашниот напорен дуел во Лигата на шампионите против Барселона, пелистерци денеска одиграа меч во домашното првенство.

Во последниот натпревар од 7.коло на Супер лигата, одигран во Кавадарци, Еурофарм Пелистер славеше над Тиквеш со 30-25.

Освен почетното водство од 1-0 за кавадарчани, сето останато мина во знакот на битолчани. Пелистер лесно и брзо создаде предност од седум голови која беше повеќе од доволна. Гостинскиот тренер Гарабаја им даде шанса и на ракометарите кои вчера со Барса имаа помала минутажа. Кавадарчани само малку успеаја да ја намалат негативата, но не и да ја надополнат во целост.

Петмина ракометари во победничката екипа постигнаа по пет голови, браќата Атанасијевиќ, Хакбар и Тајник. Најефикасен на натпреварот и во тимот на Тиквеш беше Мохамед Магди Ахмед со осум голови.

За Еурофарм Пелистер, ова е петата победа сезонава, колку што имаат и Алкалоид. Лидер на табелата е Вардар со максимални 14 бодови, пред Алкалоид со 12, Е.Пелистер со 11, Охирд и Бутел со 9.

Веќе во сабота Еурофарм Пелистер ќе го игра „братскиот“ меч против вториот битолски тим, а во четврток го чека дуелот со европскиот првак Магдебург.

Следете нé на социјалните мрежи