Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска почнува нов квалификациски циклус.
Преку него, македонските ракометарки ќе се обидат по осми пат да обезбедат учество на Европското првенство 2026 што ќе се игра во пет држави.
Македонија во квалификациите ќе игра во третата група, во која за противници ќе ги има Германија, Словенија и Белгија. Пласман на шампионатот ќе обезбедат двете прво пласирани селекции од шесте групи, како и четирите најдобро трето рангирани.
Прв противник денеска е селекцијата на Германија против која ќе играме во Гумерсбах во терминот од 19.30 часот. Инаку вчера се одигра првиот натпревар од оваа група во кој Словенките очекувано славеа над Белгија со 29-22.
Селекцијата на Словенија ќе биде вториот предизвик за Македонија во натпреварот што ќе се игра во Битола во недела од 18 часот.
Денешниот натпревар Германија – Македонија ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.





































