Кошаркарите на Пелистер со убедлив пораз го почнаа настапот во групната фаза на ФИБА Европскиот куп.
На гостувањето во Загреб кај Цедевита јуниор, а во рамките од Д групата, екипата на пелистер загуби со 96-76.
Освен во првата четвртина во која на три пати имаа поен предност, зелено-белите постојано беа во негатива. Ги загубија сите четири квартали, а губеа и со 23 разлика во последниот период.
Лошо шутираа пелистерци со само 19% во ударите за три поени, а беа и надиграни под обрачите, каде домаќинот направи дури 17 офанзивни скокови.
Нешто подобар, од сите останати во битолскиот тим, беше Ливингстон кој заврши со дабл-дабл ефект со 17 поени и 12 скокови, но тоа на крајот остана залудно.
Во следното второто коло, Пелистер на домашен терен че ја пречека словачката екипа Приевидза која денеска славеше над кипарскиот Керавнос со 82-68.
Натпреварот во Битола ќе се игра за седум дена на 22 октомври.



































