Кошаркарите на Пелистер се во Загреб, каде утре ќе го одиграат првиот натпревар од ФИБА Европа купот. Противвник на зелено-белите ќе биде тимот на Цедевита јуниор.
Битолчани одлично ја стартуваа новата сезона со две убедливи победи во домашното првенство. Тоа им влеа дополнителна доверба, за почетокот на оваа европска авантура.
Домашниот терен ќе биде адут на хрватскиот тим, но „пелистерци“ се решени да сторат се да стигнат до посакуваниот резултат.
„Ни следува првиот натпревар на европската сцена, пред нас имаме екипа што е млада, физички добро подготвена, што игра агресивна кошарка на двете страни од теренот.
Главна задача ќе ни биде да одговориме на таа нивна брза игра и да ја контролираме топката во нападот.
Се наоѓаме во добра форма, одлично отворивме во домашното првенство и се надеваме дека така ќе продолжиме и на европската сцена“, вели Бобан Стајиќ, еден од најискусните во тимот.
Пелистерци вечерва ќе одработат тренинг во салата „Дражен Петровиќ“, но у утре наутро. Натпреварот пак ќе се игра во вечерниот термин од 19 часот.