Раднички Крагуевац ќе биде нов учесник во АБА2 лига , по повлекувањето на Цибона од натпреварувањето.
Екипата од Крагуевац ќе го заземе местото на Цибона од ждрепката, во рамките на првиот барабан за квалитет.
Ова го потврди организаторот на лигата додавајќи:
„Поради неочекуваното повлекување на КК Цибона од натпреварувањето во последен момент, без претходно известување до раководството или организацијата на лигата, АБА лигата ќе ги примени сите внатрешни прописи и други мерки за заштита на интегритетот на натпреварувањето, како и деловните и економските интереси на компанијата.“
Така, според однапред утврдениот систем на натпреварување и распоред, својот прв натпревар ќе го одигра против ТФТ Скопје.
Натпреварот е закажан за среда, 15 октомври, во спортската сала „Језеро“ во Крагуевац, со почеток во 18:00 часот.




































