Фудбалската репрезентација на Македонија е пред еден од најважните натпревари во својата историја.

Вечерва на арената „Тодор Проевски“ македонските фудбалери го пречекуваат Казахстан во квалификациите за Светското првенство 2026-та.

Победа е императив за Македонија која е пред историска шанса да обезбеди пласман на Мундијалот. Иако до крајот на квалификациите има уште шест натпревари во групата, Македонија како првопласирана го чека овој дуел. Триумф над Казахстан би значел и огромен исчекор кон Мундијалот.

Црвено-жолтите не размислуваат на ништо друго освен на победа, а ќе имаат и дополнителен мотив бидејќи бројна публика полека ја подгрева атмосферата на „Тодор Проевски“.

Натпреварот Македонија – Казахстан ќе почне во 20.45 часот, а во истиот термин во нашата група играат и напите конкурент, Велс и Белгија.