Квалификациите за Светското првенство 2026 се одлична прилика за да составиме потенцијално добитен предлог-тикет.

Доколку во сабота и недела ги погодиме паровите кои ги одбравме, ќе остане Македонија во понеделникк да го реши Казахстан во дуелот кој ќе се одигра во Скопје, за двојна радост.

Ова е нашата визија за овој викенд:

ЕСТОНИЈА – ИТАЛИЈА: Победа гостин на полувреме и на крај со граница 2-6 гола

Аѕурите во првата пресметка петпати ја затресоа мрежата на Естонците, па поради фактот што им треба гол-разлика и немаат право на кикс, се очекува момците на Гатузо и во оваа пресметка да бидат доминантни над Естонците среде Талин.

БУГАРИЈА – ТУРЦИЈА: 0-1 гола во прво и 0-3 гола во второ полувреме

Бугарија како најслаба селекција во групата Е уште е во потрага по прв погодок во овие квалификации, додека дебаклот од 0-6 од Шпанија за Турците може да биде фатален доколку наскоро не ја подобрат гол-разликата. Влогот во овој меч е голем, па можно е првото полувреме да биде мирно, а да падне некој гол во вторите 45 минути.

ХОЛАНДИЈА – ФИНСКА: Домаќинот да постигне 3+ гола

Финците иако се во битка за второто место во групата Г, исто така се редовни пациенти на Лалињата. Поради тоа, на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам се очекува рутинска партија на Холанѓаните во која треба да постигнат барем три гола.РОМАНИЈА – АВСТРИЈА: Гол-голАвстрија броеше до 10 против Сан Марино, воедно продолжувајќи го перфектниот учинок за преземање на првото место во групата Х. Сепак, во оваа средба Романците имаат прилика да им ја прекинат победничката низа. Но, наместо да се бара победник, најдобра опција е да се типува дека и двете мрежи ќе се затресат барем по еднаш.ДАНСКА – ГРЦИЈА: Победа домаќинДанците се во пол-поцизија да остварат двојна победа над Грција во овие квалификации, откако го надиграа нашиот јужен сосед со 3-0 во првата средба. Надеж дека во Копенхаген ќе се слави нова победа ни дава фактот што Данска има подобар меѓусебен скор против Грција во квалификациски рамки, но и разликата во квалитетот на тимовите е очигледна.

МАКЕДОНИЈА – КАЗАХСТАН: Победа домаќин и 1+ гола во прво полувреме

Нашиот национален тим предводен од Боби Милевски и натаму големи има шанси за едно од двете места од групата Ј кои водат на Мундијалот 2026, односно бараж. Македонија во два дуели против Казахстан има исто толку победи со вкупна гол-разлика од 5-0, па на скопската Арена не очекуваме ништо помалку од сигурна победа.

Со нашиот стандарден влог од 200 денари добиваме сосема солидна добивка. Доколку сакате и вие да го одиграте овој предлог-тикет, можете да го сторите тоа до утревечер пред почетокот на првите натпревари, со искористување на кодот за брза уплата.

КОД: 183330