Секој вторник ни е нова шанса за добивка, па така и денес нема да одминеме да креираме предлог-тикет со шест пара. Иако е репрезентативна пауза, во билтенот на Златна Копачка има богата понуда од која успеавме да издвоиме четири фудбалски и два кошаркарски натпревари, кои според нас може да нѐ одведат до посакуваната цел.
Ова е нашата визија:
КАРДИФ – ЊУПОРТ: Победа домаќин и 1+ гола во прво полувреме
Во Купот за нисколигаши, Кардиф е убедлив фаворит и би требало без поголеми потешкотии да ја оствари најавената победа. Покрај тоа, ние бараме да се падне и барем еден гол во првото полувреме.
ВОЛФСБУРГ жени – ПСЖ жени: 1+ гола во прво полувреме и 3+ гола до крај
Стартува женската лига на шампиони и уште во првото коло има интересен дуел во кој се очекуваат доста погодоци. Вкупно четирипати се имаат сретнато овие две екипи, а само еднаш имало три или повеќе гола. Играме против традицијата и бараме најмалку три погодоци, од кои еден да е во првото полувреме.
АПОЕЛ ТЕЛ АВИВ – МАКАБИ ТЕЛ АВИВ: Вкупно поени помалку од 174,5
Повратниците во Евролигата во Софија ќе го одиграат градското дерби, а двете екипи во дуелот влегуваат со сосема различна форма. Апоел е лидер со 2/2 победи на стартот од сезоната, Макаби има два порази и засега има втора најслаба одрана во првенството. Само еднаш во последните пет меѓусебни дуели овие две екипи постигнале повеќе од 174 поени, па и овојпат нека одлучува подобрата одбрана.
ЧЕШКА – ХРВАТСКА: Гол-гол
Ова ќе биде директен дуел за првото место во квалификациската група Л. Двете селекции имаат по 12 бода, но Хрватите имаат и натпревар помалку, па доколку не загубат во Прагра речиси сигурно ќе обезбедат директен пласман на Мундијалот 2026. Ние бараме по еден гол во двете мрежи, како што редовно се постигнувале во нивните меѓусебни дуели.
БЕЛОРУСИЈА – ДАНСКА: Победа домаќин на полувреме и на крај
Белорусија треба да биде лесен плен за Данците кои тргнаа со реми и победа во квалификациите за СП 2026 и моментално ја предводат групата Ц. Уште од 1999 година се памети последниот меѓусебен дуел на овие две селекции, во кој Данска славеше минимално со 1-0, а и сега очекуваме нивна победа која ќе ја осигураат уште во првото полувреме.
ПАРТИЗАН – АНАДОЛУ ЕФЕС: Победа домаќин
Партизан тешко тргна во новата сезона, отвори со пораз од Дубаи за првата победа да ја осигурна минимално против Милано. Анадолу воопшто не е противник за потценување иако моментално не е меѓу главните фаворити како минатите сезони. Лани Турците славеа во двата меча против црно-белите од Белград, па можеби е време за одмазда.
Предлог-тикетот со шест пара носи солидна добивка при влог од 200 денари. Но, доколку го искористите кодот за брза уплата, можете да вложите колку сакате.
КОД: 176408




























