Два натпревари, во Струга и Струмица, се одиграа попладнево, во рамките на 9.коло на Првата македонска фудбалска лига. И двата дуели завршија со ист резултат 1-1.

Поради суспензија на теренот во Чаир, фудбалерите на Шкупи својот натпревар со Работнички го играа во Струга. Чаирчани конечно во деветтиот натпревар ги впишаа првиот бод, играјќи 1-1 со „романтичарите“.

Стрелец на единствениот гол на натпревари беше Ерион Шуку во 25-тата минута, по кардиналната грешка на домашниот голман Јакимов. Тимот на Работнички до израмнување стругна во вториот дел односно 61.минута со погодокот на Адем. Тимот на Работнички во самиот финиш имаше тројна шанса за комплетен пресврт, но резултатот остана не променет.

И натпреварот во Струмица, каде АП Брера го пречека кумановски Башкими заврпи со истиот резултат 1-1.

Таму гостите беа поблиски до победата. Со голот во 25.минута на Емануел Аворнијо, Бапкими водеше со 1-0 се до самиот финиш. Во 89-минута беше досудена најстрога казна на струмичани која во израмнување (1-1) ја реализира фудбалерот од Габон, Фахд Ндзенгуе.

https://youtu.be/kK3ej1UCmsA

Потсетување дека вчера во првиот натпревар од ова кола Македонија Ѓ.П. убедливо славеше во дуелот со Арсими. Утре ќе се игра дебито на колото во кое второ пласираниот Вардар е домаќин на лидерот на табелата Струга Трим Лум.

Следете нé на социјалните мрежи

ПМФЛ – 9 КОЛО

Сабота
АП БРЕРА – БАШКИМИ 1-1
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 1-1
Недела
ВАРДАР – СТРУГА Т.Л. 15 часот
СИЛЕКС – ТИКВЕШ
Понеделник
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 18 часот
Петок
МАКЕДОНИЈА ЃП – АРСИМИ 4-1