Ракометарките на Металург Автокоманда попладнево го одиграа првиот натпревар во ЕХФ Европскиот куп. Во дуел од 2.коло, Металург славеше убедлива победа над Диферданж од Луксембург, и направи голем исчекор кон следната рунда.
Од самиот почеток па се до крајот на мечот тимот на Металург ја контролираше играта и резултатот. Триумфот беше најавен уште во првиот дел кој Металург го доби со 17-11, за на крајот слави убедливо со 15 голови разлика (40-25).
Најефикасна во македонскиот тим беше Ана Марија Коларовска со седум, додека Ива Божиновска постигна шест голови. Реванш натпреварот ќе се одигра утре исто во 15:00 часот во Автокоманда.
Имајќи го в предвид денешниот меч, но и тоа дека реваншот ќе се игра утре повторо во Автокоманда, јасно е дека Металург ќе продолжи во следната фаза. А, таму во 3.коло ќе игра и макеоднскиот првак Ѓорче Петров.
Дали ќе имаше уште некој претставник останува да ги сочекаме денешните настапи на Куманово и Чаир. Двете македонски екипи кои ќе играат на домашен терен ќе треба да надополнат негатива од првите средби.
Ивона Кимовска