Македонија ќе остана со два претставници помалку во ЕХФ Европскиот куп за ракометарки. Ова откако вечерва беа одиграни реванш натпреварите од второто коло.
Иако ракометарките на Куманово ја совладаа екипата на Каскада Гарлиава со 32:31, сепак не успеаја да ја надополнат негативата од седум гола од гостувањето во Литванија.
Најефикасни од тимот на Куманово беа Стеин со 11 погодоци и Азеведо со 10.
Екипата на Чаир по втор пат беше поразена од составот на Ајдовчина. Откако на гостувањето во Словенија загубија со 24-27, денеска во Скопје, чаирчанки беа совладани со 27-33.
Така во ова натпреварување останува да не претставуваат уште два тима. Екипата на Металург која денеска убедливо го доби мечот со Диферданж од Луксембург, па утрешниот реванш повторно во Автокоманда ќе биде само чиста формалност. Шампионот Ѓорче Петров натпреварувањето ќе го полне во следната, трета рунда.
Ивона Кимовска