Со натпреварот одигран попладнево во Ѓорче Петрв отворени беше 9.коло во Првата македонска фудбалска лига.
На задоволство на малубројната домашна публика „лавовите“ од Ѓорче се радуваа на победа во дуелот против Арсими со 4-1.
Во 14.минута по асистенцијата на Клинтон, на вистинското место во шеснаесетникот на гостите се најде Ѓорѓи Стоилов, за водство на Макњоднија Ѓ.П. со 1-0. Во финишот од работ на шеснаесетникот Софијановски биеше за малку крај голот на гостите.
Во второто полувреме, домаќините преку Талаков во 52.минута зголеми на 2-0.
Клинтон во 55.минута иако беше сам пред противничкиот голман, го промаши голот. Казната за таа не искористена шанса дојде во 63.минута кога Шефити намали на 2-1.
По грешката на гостинскиот голман Сиљановски, следуваше казна од Колимбиецот, Гереро кој зголеми на 3-1. Конечниот резултат на натпреварот, 4-1 за Макеоднија ЃП, ги постави Кире Марковски во 89-тата минута.
Ова беше четвртата победа на ѓорчепетровци кои сега се пробија на 6.место на табелата со 12 бодови, еден повеќе од АП Брера, а четири од Арсими.
Оваа рунда ќе се игра и во наредните три дена, а дербито е в недела на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, каде ќе играат двете прво пласирани екипи на табелата, Вардар и Струга Т.Л.
ПМФЛ – 9 КОЛО
Петок
МАКЕДОНИЈА ЃП – АРСИМИ 4-1
Сабота
СИЛЕКС – ТИКВЕШ 15 часот
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
Недела
ВАРДАР – СТРУГА Т.Л.
АП БРЕРА – БАШКИМИ
Понеделник
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 18 часот