Кошаркарската Евролига која стартуваше во вторникот со премиерната рунда, денеска и утре ги носи натпреварите од второто коло.

Ова е една од неколкуте т.н. двојни-рунди во текот на една седмица. Денеска на програмата се три натпревари.

Во Минхен во дуелот на двете екипи кои со пораз ја почнаа сезоната Баерн ја пречекува белградска Црвена Звезда. Истовремено во Белград екипата на Партизан првата победа ќе ја брка во дуелот со италијанскиот Армани Милано кој пред два дена славеше победа во Белград кај Црвена Звезда.

„Кралскиот“ Реал во Мадрид ќе има тешка задача во дуелот со грчкиот Олимпијакос кој веќе се радуваше во Шпанија, на гостувањето кај Басконија. Останатите натпревари од ова коло ќе се играат утре, а дербито е во Атина каде Панатинаикос ја пречекува Барселона.

Следете нé на социјалните мрежи

ЕВРОЛИГА 2.КОЛО

Четврток
20:30 БАЕРН М. – ЦРВЕНА ЅВЕЗДА
20:30 ПАРТИЗАН – МИЛАН
20:45 РЕАЛ МАДРИД – ОЛИМПИЈАКОС
Петок
19:00 ЖАЛГИРИС – ФЕНЕРБАХЧЕ
19:30 АНАДОЛУ ЕФЕС – ХАПОЕЛ ТА
19:30 МОНАКО – ДУБАИ
20:00 ЛИОН ВИЛЕРБАН – БАСКОНИЈА
20:15 ПАНАТИНАИКОС – БАРСЕЛОНА
20:30 ВАЛЕНСИЈА – ВИРТУС БОЛОЊА
21:30 МАКАБИ ТА – ПАРИЗ