Ракометарите на Алкалоид ја впишаа третата повредена победа во Супер лигата.
Во воведниот натпревар од петтото коло одигран попладнево во Автокоманда, Алкалоид убедливо во совлада Прилеп со 47-21.
Уште на полувремето беше јасно дека гостите нема што да бараат на овој дуел, а Алкалоид по првиот дел имаше 13 голови предност (23-10). Вториот дел беше чиста формалност, па на крајот “фармацевтите“ славеа со убедливи 29 голови разлика.
Емилијан Ѓорговски со осум голови беше прв стрелец на натпреварот и во победничката екипа за која Иван Џонов постигна гол помалку (7).
Со оваа победа Алкалоид избива на првото место на табелата со 8 бодови колку што има и второт пласираниот Вардар.
Вардарци вечерва (19 часот) го играат големото дерби со Еурофарм Пелистер. Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.