Со двата натпревари одиграни попладнево во Кавадарци и Гостивар, каде победи славеа домаќините, започна 8.коло во Првата лига.
Тиквеш – Македонија Ѓ.П. 2-1
Екипата на Тиквеш ја оствари втората победа, откако во интересен натпревар ја совлада Македонија Ѓорче Петров со 2-1.
Домашниот тим поофанзивно го почнаа натпреварот и тоа брзо вроди со плод. Веќе во 9.минута кавадарчани поведоа со 1-0 со голот на Рамадани . Во 20-тата можеше да биде и 2-0, но по обидот на Стојанов, гредата беше сојузник на гостите од Скопје.
Во вториот дел Илиевски беше двапати во фокусот на вниманието. Прво пропушти шанса да го зголеми водството на кавадарчани. Нецела минута подоцна тој играше со рака во сопствениот шеснаесетник, по што беше досуден пенал. Сигурен реализатор наместо казна беше Стоилов кој израмни на 1-1. И во второто полувреме динамична игра со повеќе шанси на двете страни. Сепак, само една и тоа во 68.минута ја искористи Ивановски кој му донесе победа на Тиквеш до 2-1.
Арсими – Шкупи 4-2
И во Гостивар, се радуваа домашните навивачи и фудбалери, а таму тимот на Арсими ја впиша втората победа совладувајќи го Шкупи со 4-2, за кој ова е осми пораз.
Иако гостите од Чаир први постигнаа гол, сепак тој беше поништен поради офсајд. Затоа пак, во 16.минута чиста беше ситуацијата кога Рамадани ја затресе мрежата на Шкупи, за водство на Арсими од 1-0. Сепак гостите од Скопје брзо се вратија во игра и во 35.минута преку Рибеиро израмнија на 1-1. Во самиот финиш на првиот дел (45) минута Арсими преку Шефгити повторно ја врати предноста, тогаш на 2-1.
И во вториот дел беа постигнати уште три гола. Чаирчани преку Дестани во 76.минута го израмнија резултатот на 2-2. Но, за само две минути (85 и 87) Арсими стигна до триумф со погодоците на Игњатов и Шефити.
За утре и задутре закажани се по два натпревари, а дербито ќе се игра утре во Тетово, каде шампионот Шкеднија го пречекува Силекс.
ПРВА ЛИГА – 8 Коло
Сабота
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
АРСИМИ – ШКУПИ 4-2
Недела
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 15 часот
РАБОТНИЧКИ – АП БРЕРА
Понеделник
БАШКИМИ – ВАРДАР
СТРУГА Т.Л. – ПЕЛИСТЕР




































