Лионел Меси продолжува да одушевува со своите настапи и поставува рекорди во МЛС лигата.
Меси ноќеска беше стрелец на два гола во победата на Интер Мајами на гости кај Њујорк Сити со 4-0.
По акцијата на Меси во која учествуваше и Бускетс во првиот дел, Родригез го отвори резултатот. Во второто полувреме Меси два пати се запиша во листата на стрелците. Во 74.минура зголеми на 2-0, а 86-тата ги постави конечните 4-0, откако претходно Луси Суарез реализира пенал за 3-0.
Меси стана првиот играч во историјата на МЛС кој постигнал најмалку 35 голови во последователни сезони. Воедно тој стана четвртиот играч во историјата на лигата кој постигнал повеќе од еден гол на осум натпревари во една сезона.
Со оваа обезбеди тимот на Интер Мајами си обезбеди пласман во плеј-офот.





































