Попладнево во Битола ќе се одигра последниот натпревар од 7.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Тимот на Пелистер го пречекува кумановски Башкими.
Домашниот состав во овој натпревар влегува со негативната серија од три последователни порази, откако сезоната ја почна со две победи. Зелено-белите сакаат да ја прекинат кризата, но за тоа ќе треба да одиграат максимално со тимот кој има победа повеќе.
Гостите од Куманово и во дуелот влегуваат окуражен по триумфот во претходната рунда кога на Силекс му го нанесоа првиот пораз. Составот на Башкими има три победи и два порази и тоа од шампионот Шкендија и лидерот на табелата Струга ТЛ. Тоа само по себе говори дека кумановци имаат респектабилен состав и дека играат во добра форма.
Дуелот меѓу Пелистер и Башкими што ќе почне од 15.30 часот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ директен тв пренос на МРТ3.




































