Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) неодамна донираше спортска опрема на 42 екипи кои настапуваат во Супер младинската лига, Втората и Третата младинска лига.
Иако уште тогаш од ФФМ потенцираа дека клубовите за оваа донација екипите не треба да наплаќаат за таа опрема, се случува спротивното.
Од ФФМ тоа го потврдија денеска со соопштение што ви го пренесуваме во целост.
Фудбалската федерација на Македонија ги информира родителите чии деца тренираат во младинските клупски категории дека фудбалската опрема која ФФМ им ја донираше на клубовите е бесплатна.
🛑 ОПРЕМАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ НАПЛАЌА!
Добивме информации дека одредени клубови им бараат пари на родителите за опремата, што е строго спротивно на условите под кои ФФМ ја додели донацијата.
👉 Ве охрабруваме, доколку вашиот клуб побара надомест за опремата, веднаш да пријавите во ФФМ.
Нашата цел е младите фудбалери да имаат фер услови за развој и поддршка без дополнителен финансиски товар за родителите.
На линкот https://shorturl.at/VhpiK се наведени сите клубови кои ја добија оваа донација.
ФФМ ќе продолжи да ја следи ситуацијата и ќе реагира соодветно за да ја заштити секоја млада генерација.




































