Фудбалерите на Вардар ја впишаа шестата првенствена победа во Првата лига, со која се вратија на врвот на табелата.
Во натпреварот 7 коло одигран вечерва на ,, Тодор Проевски”, Вардар со пресврт и 3:1 го победи Работнички.
Гостите уште во седмат минута поведоа со 0:1 со голот на Имери. Во финишот на првиот дел, односно 41.минута Бабунскиот пенал и израмни на 1:1.
По само 10 минути игра во второто полувреме Работнички остана со играч помалку, откако Демири заработи директен црвен картон. Тоа вардарци го казнија само три минути подоцна преку Аргентинецот, Диего Кастенеда. Веќе во 69-та минута беше 3:1 Вардар, а стрелец на голот беше Роџерс Мато.
вардар сега е лидер на табелата со 19 бодови три повеќе од Струга Т.Л. и четири од Силекс. Овие два тима веќе утре ќе го играат меѓусебниот дерби дуел од оваа рунда, што ќе биде комплетирана во вторник со натпреварот Пелистер – Башкими.




































