Попладнево се играат два натпревара од третото коло од ракометната Супер лига. Двете битолски екипи гостуваат.

Шампионот Еурофарм Пелистер е пред нов предизвик особено што гостува во Автокоманда кај актуелниот освојувач на Европскиот куп Алкалоид. За домашниот тим ова ќе биде исклучително важен натпревар особено што во првото коло на домашен терен одигра нерешено со Охрид, затоа победата е во преден план. За првакот новите два бода ќе значат изедначување на табелата со актуелниот лидер Вардар.

Вториот тим на битолчани, Еурофарм Пелистер 2 гостува во Куманово кај екипата на МРК Куманово.

Дуелот во Автокоманда почнува во 18 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ,  додека во Куманово во 19 часот.

Последниот натпревар од ова коло се игра утре меѓу Струга и Тиквеш.

СУПЕР ЛИГА – 3.КОЛО

САБОТА:
ВАРДАР – ОХРИД 33:31
БУТЕЛ – ПРИЛЕП 35:30
ПРОЛЕТ – РАДОВИШ 27:24
НЕДЕЛА:
АЛКАЛОИД – Е.ПЕЛИСТЕР  18 часот
МРК КУМАНОВО – Е.ПЕЛИСТЕР 2  19 часот
ПОНЕДЕЛНИК:
СТРУГА – ТИКВЕШ 18.30 часот

Следете нé на социјалните мрежи