Првото дерби во 3.коло од ракометната Супер лига им припадна на ракометарите на Вардар, кои попладнево го совладаа Охрид со 33:31. Ова за „црвено-црните“, кои беа „домаќини“ во СЦ Борис Трајковски е трета победа сезонава.

Во речиси целиот тек од натпреварот Вардар беше во водство, во финишот на првиот дел имаше предност од +4 (17:13), а во завршницата на дуелот и 28:25. По изедначувањето 31:31 гостите од Охрид до крајот на дуелот не реализираа ниту еден напад.

Ракометарите на Бутел ја постигнаа и втората победа откако ги совладаа ракометарите на Прилеп со 35:30, додека Пролет го совлада Радовиш со 27:24.

Вардар е прв на табелата со 6 бодови, додека Е.Пелистер има 4 бодови (натпревар помалку), а Бутел и Пролет со денешните победи стигнаа до 4 бодови.

Следете нé на социјалните мрежи

СУПЕР ЛИГА – 3.коло

САБОТА:
ВАРДАР – ОХРИД 33:31
БУТЕЛ – ПРИЛЕП 35:30
ПРОЛЕТ – РАДОВИШ 27:24
НЕДЕЛА:
АЛКАЛОИД – Е.ПЕЛИСТЕР 18 часот
МРК КУМАНОВО – Е.ПЕЛИСТЕР 2 19 часот
ПОНЕДЕЛНИК:
СТРУГА – ТИКВЕШ 18.30 часот