Со натпреварот одигран попладнево на стадионот во Чаир, каде Шкупи за првпат сезона играше пред својата публика, стартуваше 7.коло во ПМФЛ..
Домашните навивачи и фудбалери на Шкупи и по овој натпревар не успеваат да го посвојат ниту првиот бод. Чаирчани се поразени од Македонија Ѓорче Петров со 2-0.
Уште во првиот дел „лавовите“ од Ѓорче создадоа ја предноста од два гола која се покажа како доволна. Интернационалецот од Гана, Клинтон Осеи уште во четвртата минута го отвори резултатот. Во финишот на првиот дел, односно 40-тата минута беше досуден пенал за ѓорчепетровци кој го реализира Христов.
За Македонија ЃП ова беше трета сезонска победа, додека тимот на Шкупи го претрпе и седмиот пораз.
Останатите пет натпревари од оваа рунда ќе се играат од утре, па се до вторник.
ПМФЛ 7 КОЛО
Сабота
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Недела
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 15.00 часот
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 19 часот
Понеделник
СИЛЕКС – СТРУГА Т.Л. 15.00 часот
АП БРЕРА – АРСИМИ 15.00 часот
Вторник
ПЕЛИСТЕР – БАШКИМИ 15.00 часот




































