Ракометарките на Грција нема да го одиграат натпреварот со Македонија на турнирот во Охрид.
Имено, попладнево во салата „Биљанини Извори“ требаше да се одигра последниот натпревар од „Трофеј Македонија“ меѓу македонската и грчката селекција. Сепак тоа нема да се случи бидејќи грчкиот национален состав решил да не го продолжи учеството на турнирот.
Со официјално соопштение се огласија од Ракометната федерација на Македонија
Официјално соопштение до јавност
Ракометната Федерација на Македонија ја информира спортската јавност дека женската ракометна репрезентација на Грција нема да го продолжи своето учество на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“.Причина за ваквата одлука е вирусна инфекција која зафати дел од ракометарките на грчкиот национален тим.
Македонската ракометна федерација им посакува брзо закрепнување на ракометарките од Грција, и упатува искрена благодарност за нивното учество и придонес кон турнирот.Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија.