Натпреварите од третото коло од ракометната Супер лига стартуваат со денешните три дуели.

Секако најмногу интерес попладнево привлекува дуелот меѓу Вардар и Охрид, екипи кои немаат пораз со тоа што охриѓани направија мало изненадување во првото коло кога одиграа нерешено со Алкалоид во Скопје. Почетокот на дуелот што се игра во СЦ „Борис Трајковски“ е во 18 часот.

Во истиот термин попладнево се игра и дуелот меѓу Бутел и Прилеп во кој домаќинот е фаворит, а и третиот денешен дуел се игра во Скопје Пролет е домаќин на Радовиш.

Утре на програмата се два натпревара и уште едно дерби во Автокоманда кај Алкалоид гостува шампионот Еурофарм Пелистер. Почетокот на дуелот е во 18 часот. Еден час подоцна почнува натпреварот во Куманово меѓу МРК Куманово и Еурофарм Пелистер 2.

Третата рунда ќе биде комплетирана со дуелот што се игра во понеделник меѓу Струга и Тиквеш.

СУПЕР ЛИГА – 3.коло

САБОТА:
ВАРДАР – ОХРИД (почеток 18 часот – СЦ Борис Трајковски)
БУТЕЛ – ПРИЛЕП
ПРОЛЕТ – РАДОВИШ
НЕДЕЛА:
АЛКАЛОИД – Е.ПЕЛИСТЕР
МРК КУМАНОВО – Е.ПЕЛИСТЕР 2
ПОНЕДЕЛНИК:
СТРУГА – ТИКВЕШ

Дерби дуелите, како и останатите натпревари од ова коло може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.