Откако го загубија финалето во Лига Купот, фудбалерите на Интер Мајами сега целосно се посветени на МЛС лигата. Тимот од Флорида му се реваншира на Сиетл Саундерс за тој пораз, па ноќеска славеше со 3-1 во првенствениот дуел.

Лионел меси повторно беше во центарот на вниманието.

Аргентинецот му асистираше на Жорди Алба во 12.минута за водство од 1-0. Во 41,минута Алба возврати со асистенција, а Меси зголеми на 2-0. Стрелец на третиот гол беше Фрај во 52-рата минута. Варгас (69) само го ублажи поразот.

Интер Мајами ја впиша 14-тата победа со која сега се на 5.место на табелата со 8 бода помалку од лидерот Филаделфија кој има три одиграни натпревари повеќе.

Следете нé на социјалните мрежи