Попладнево во Куманово и Ѓорче Петров беа одиграни првите два натпревари од 6.коло во Првата фудбалска лига. Во нив победи остварија домашните екипи.
Екипата на Башкими ја прекина низата од пет триумфи на Силекс нанесувајќи му го првиот пораз на кратовскиот тим. Башкими пред своите симпатизери славеше со 2-1 два спрема еден забележувајќи ја третата во селска победа.
Домаќините поведоа со голот на Аворњо во првиот дел (21.минута). По само осум минути игра во вториот дел Алексоски на ефектен начин зголемена 2-0. Во 60.минута Зука заработи црвен картон, па во продолжението Башкими играше со фудбалер помалку. Тоа гостите од Кратово брзо го казнија преку Португалецот, Мигел Пиреш кој во 63.минута намали на 1-2. Иако Силекс тргна со сите сили да извлечат барем бод, сепак кратовци во тоа не успеа, па мораа да се помират со првиот пораз.
Во Ѓорче Петров на првата победа се израдуваа „лавовите“. Тимот на Македонија ЃП славеше во дуелот со струмичка АП Брера со 2-0.
Резултатот уште во 17.минута го отвори Христов за водство на Македонија ЃП од 1-0. Во вториот дел откако гостите во 68-та минута останаа со играч помалку во 72-тата Талаков зголеми на 2-0. Ова е втора победа тимот од Ѓорче Петров има и препораки. Струмичани пак покрај трите порази имаат две нерешени средби и еден триумф.
Утре и во четврток ќе се одиграа по два нови натпревари, со кои ќе биде комплетирано ова коло.
ПМФЛ 6 КОЛО
Вторник
МАКЕДОНИЈА ЃП – АП БРЕРА 2-0
БАШКИМИ – СИЛЕКС 2-1
Среда
ТИКВЕШ – ШКУПИ
СТРУГА ТРИМ ЉУМ – ШКЕНДИЈА
Четврток
АРСИМИ – ВАРДАР
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР




































