Македонија има само двајца свои претставници на Светското атлетско првенство во Токио, а тоа се двајцата маратонци.

Адријана Поп Арсова Рашиќ го заврши светото учество на атлетскиот Мундијал. Таа во пеколните временски услови за маратон, успеа да ја истрча најдолгата атлетска делница за 3:01.49 часа.

Таа беше една од 63-те кои ја завршија трката, од вкупно 100 пријавени за настап, а стартуваа 73 атлетичарки.

Ноќеска, 30 минути по полноќ, е закажан стартот на машкиот маратон, на кој ќе настапи Дарио Ивановски.