Денес започна Светското Првенство во атлетика што се одржува во Токио, Јапонија, а ќе трае до 21 Септември.

На ова големо натпреварување Макеоднија ќе има сано двајца свои претставници и тоа во најтешката, маратонска трка.

Тоа се нашите најдобри атлетичари Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова, по претходно остварени норми преку ранкинг системот на Светска Атлетика.

Прва на програмата ќе настапи Адријана Поп Арсова, утре (недела, 14 септември), а стартот на трката е закажан 30 минути по полноќ по македонско време.

Во истиот термин, дене подоцна ( понеделник – 15 септември) ќе почне и машкиот маратон, а на стартот ќе биде и Дарио Ивановски.

Следете нé на социјалните мрежи