Двајцата најдобри тенисери во светов во моментов Јаник Синер и Карлос Алкараз ќе се борат за трофејот на УС Опен.

Ова е исходот по одиграните полуфинални натпревари во кои Синер беше подобар од Оже-Алиасиме, а Алкараз од Новак Ѓоковиќ.

Во првиот полуфинален меч младиот Шпанец, Алкараз во трие сета со 6:4, 7:6(4), 6:2 го совлада најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Со елиминацијата на Новак, за прв пат по 2002 година ниту еден од триото Ѓоковиќ, Федерер и Надал не стигнал до финалето на еден Гренд Слем турнир.

 Во вториот полуфинален меч светскиот рекет број еден Јаник Синер се пласираше во финалето со победата во три сета над Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасиме.

Бранителот на трофејот од минатата година во Њујорк беше супериорен ги доби трите сета со 6:1, 3:6, 6:3, 6:4.

Финалниот меч меѓу Синер и Алкараз ќе се игра утре (недела) од 20 часот.

Следете нé на социјалните мрежи