Поразот на Германија од Словачка со 0-2 во претходното квалификациско коло ни одзеде убава добивка откако погодивме 5/6 типови во вторничкиот предлог-тикет. Поради тоа, овојпат решивме да играме на посигурна варијанта, а Германците сега ќе мора да ни се оддложат.
Разбирливо, ги искористивме игрите на Златна Копачка, најдобрата обложувалница во Македонија каде што може да се најдат највисоките коефициенти на стотици различни игри.
Ова е нашата замисла за викендов:
ИРСКА – УНГАРИЈА: 0-2 гола
Само три пријателски средби има меѓу овие две селекции во поновата ера, од кои две завршиле без голови, а последната контролка одиграна лани во јуни ја доби Ирска со 2-1. Бидејќи се работи за квалификации за СП, се надеваме на цврт дуел со многу борба, а малку голови.
ГРУЗИЈА – БУГАРИЈА: Реми или победа домаќин и 1-3 гола
Грузијците се фаворити во овој дуел иако и тие како и Бугарија со пораз ги стартуваа квалификациите. Затоа, се очекува Кварацкелија и дружината да се изборат за бод или три, а при тоа да се постигнат меѓу еден и три гола.
МАКЕДОНИЈА – ЛИХТЕНШТАЈН: Домаќинот да постигне 1-2 гола во прво полувреме
Лихтенштајн е редовен пациент на нашите Рисови, па со оглед на тоа дека Македонија се бори за едно од првите две места во групата кои водат директно на Мундијалот во САД, односно во баражот, од четата на Милевски не се очекува ништо помалку од победата. Сепак ние типуваме дека нашата селекција ќе постигне меѓу еден и два гола во првите 45 минути.
ГЕРМАНИЈА – СЕВЕРНА ИРСКА: Победа домаќин на полувреме и на крај
Поразот од Словачка ги шокираше Германците, кои сега ќе мораат да бележат само триумфи до крајот на квалификациите за да го осигураа првото место во групата. За нивна среќа, против Северна Ирска редовно остваруваат позитивни резултати, па ние очекуваме трите бода да ги обезбедат уште во првото полувреме.
ЛИТВАНИЈА – ЛЕТОНИЈА: Гостинот да постигне повеќе од 83,5 поени
Летонците ќе имаат помош шести играч во вид на публиката која до максимум ќе ја исполни арената во Рига, бидејќи ова е дерби кое ќе го одлучи патникот во четвртфиналето на Евробаскетот. Иако Летонија само еднаш досега постигна повеќе од 83 поени и тоа во победата над Чешка во последното коло од групната фаза, сега треба да го покажат целиот офанзивен квалитет.
ИТАЛИЈА – СЛОВЕНИЈА: Вкупно поени повеќе од 175,5
Еден од поинтересните осминафинални дуели во кој тешко може да се предвиди победникот. Сепак, знаејќи го квалитетот на двете селекции, особено во офанзивните вештини на Дончиќ како прва ѕвезда кај Словенците, се очекуваат многу кошеви и драма до последен момент.
Предлог-тикетот можете да го препишете со кодот за брза уплата до утре до 17:29 часот пред почетокот на првиот натпревар. Нашиот влог од 200 денари е стандарден, на вас останува со колку ќе го уплатите.
КОД: 60694
