Додека македонските фудбалери денеска тестираат со Саудиска Арабија, продолжуваат мундијалските квалификации.
Во најважната за нас „Ј“ група, денеска на програмата се два натпревари.
Во Астана попладнево својот натпревар го одиграат селекциите на Казахстан и Велс. Гостите славеа минимална победа со 1-0 со голот на Мур во 24-тата минута.
Со овој триумф Велшаните го презедоа првото место на табелата со 10 бодови, два повеќе од Македонија која има натпревар помалку.
Во вечерниот (од 20.45 часот) топ фаворитот во групата Белгија гостува кај аутсајдерот Лихтенштајн. Белгијците досега имаа одиграно само два натпревар, оној во Скопје со Македонија кој заврши без победник 1-1 и победата над Велс со 4-3.
Токму Лихтенштајн е следниот противник на Македонија во натпреварот закажан за во недела во Скопје.
