Додека македонските фудбалери денеска тестираат со Саудиска Арабија, продолжуваат мундијалските квалификации.
Во најважната за нас „Ј“ група, денеска на програмата се два натпревари.
Во Астана попладнево својот натпревар ќе го играат селекциите на Казахстан и Велс.
Домаќините на трите досега одиграни натпревари претрпеа два порази, а славеа само над Лихтенштајн. Првиот пораз беше токму од денешниот противник Велс и тоа на гостински терен со 3-1. Вториот е оној пред својата публика кога нашата селекција, славеше со 1-0. Велшаните пак досега одиграа четири натпревари. Покрај победата над Казахстан, славеа и над Лихтенштајн, а одиграа „реми“ со Македонија, односно беа поразени од Белгија. Островската селекција има 7 освоени бодови, еден помалку од македонска репрезентација која е лидер на табелата. Натпреварот меѓу Казахстан и Велс ќе почне во терминот од 16 часот.
Во вечерниот (од 20.45 часот) топ фаворитот во групата Белгија гостува кај аутсајдерот Лихтенштајн. Белгијците досега имаа одиграно само два натпревар, оној во Скопје со Македонија кој заврши без победник 1-1 и победата над Велс со 4-3.
Токму Лихтенштајн, а потоа и Белгија се следните противници на Македонија во квалификациите за СП 2026.
КВАЛИФИКАЦИИ СП 2026 | МАКЕДОНИЈА by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА