Најдобрата македонска фудбалска репрезентација попладнево во Прага ќе игра контролен натпревар против селекцијата на Саудиска Арабија.

Ова ќе биде трет меѓусебен натпревар помеѓу двете репрезентации. Првиот се одигра на 1. август 2001 година во Ријад и заврши без победник (1:1). Вториот меч беше на 22. октомври 2022 година во Абу Даби, кога Саудиска Арабија славеше со 1:0.

https://youtu.be/7_lwr0Buqr0

Овој натпревар за избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе биде „генерална проба“ за мундијалскиот квалификациски дуел со Лихтенштајн. Тој натпревар ќе се игра на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје во недела (7 септември) од 18 часот.

Дуелот со Лихтенштајн, македонската репрезентација ќе го чека како прво пласирана во групата во која досега собра 8 бодови, два повеќе од Велс и четири повеќе од Белгија. Сепак не треба да се заборави дека овие селекции имаат еден односно два натпревари помалку од црвено-жолтите.

Победата против Лихтенштајн е императив за нашите фудбалери за да се остане конкурентен во последните два „прозори“ од квалификациите.

Денешниот натпревар Македонија – Саудиска Арабија почнува во 17 часот, а ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ1.

Следете нé на социјалните мрежи