Познат е и вториот полуфинален пар во машка конкуренција на Гренд-слемот УС Опен. Светскиот рекет број 1 Јаник Синер ќе игра против Феликс Оже-Алијасиме.

Бранителот на трофејот од лани, Синер продолжува да ја испишува својата тениска приказна со златни букви. На терените во Њујорк, италијанскиот ас демонстрираше апсолутна доминација во четвртфиналниот дуел против сонародникот Лоренцо Музети, славејќи со убедливи 6-1, 6-4, 6-2. Со оваа победа, Синер за првпат во кариерата се пласираше во полуфинале на сите четири гренд-слем турнири во една календарска година.

Во полуфиналето, Синер ќе игра против Феликс Оже-Алијасим, кој по четири часа тениска драма успеа да го елиминира Австралиецот Алекс Де Минор. Иако Канаѓанецот го загуби првиот сет со 4-6, тој покажа неверојатна ментална цврстина. Тој ги доби следните три сета (два од нив во тај-брејк) со 7-6 (7), 7-5, 7-6 (4). За Оже-Алијасим, ова е второ полуфинале на УС Опен, потврдувајќи го неговиот раст на големата сцена.

Потсетување дека првиот полуфинален пар го сочинуваат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.