Откако Арина Сабаленка и Џесика Пегула закажаа дуел во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, тоа ноќеска го сторија Аманда Анисимова и Наоми Осака.
Второ рангираната светска тенисерка Ига Швонтек го заврши својот настап на УС Опен. Полската тенисерка е елиминирана во четвртфиналето од Аманда Анисимова.
Американката која е осмо рангирана во Њујорк, беше подобра во два сета со 6:4 и 6:3.
Наоми Осака која е рангирана на 24-то место во светот, во два сета 6:4, 7:6(3) ја победи Каролина Мучова од Чешка.
Осака која е двојна победничка на УС Опен, по пауза од четири години ќе се обиде да стигне до ново финале. За последен пат таа во финалињата на Гренд-слем турнирите играше во 2021 кога го освои Отвореното првенство на Австралија.