Минатата година на УС Опен во женска конкуренција играа Арина Сабаленка и Џесика Пегула, а Белорусинката го освои трофејот.
Годинава реприза сигурно нема да гледаме, бидејќи овие две тенисерки ќе се сретнат во полуфиналето.
Најдобрата во светот Сабаленка без борба обезбеди место меѓу четирите најдобри, откако Маркета Вондроушова поради повреда го предаде мечот.
Американлата, Пегула, место во полуфиналето избори по мечт со Чехинката, Барбора Крејчикова. Четвртата носителка ги доби двата сета со идентични 6-3.
Потсетување дека лани во финалето Сабаленка и Пегула одиграа фантастичен меч кој Белорусинката го доби со 7-5 и 7-5.