Два натпревари денеска ќе бидат одиграни во рамките од четвртото коло на Првата фудбалска лига.
Фаворитите Силекс и Струга Трим Лум ги чекаат тешки гостувања во Гостивар и Куманово кај новајлиите Арсими и Башкими. Кратовци и стружани во овие натпревари влегуваат со досега освоени максимални девет бодови.
Дебитантот Арсими иако досега се нема израдувани на победа, сепак на претходните три одиграни натпревари покажа дека ќе биде „тврд орев“ за сите екипи. Арсими беше поразен од Струга ТЛ, но веднаш потоа одигра „реми“ со шампионот Шкендија. Од друга страна Силекс одигра два натпревари кои ги доби со убедливо 5-0 и 3-0, а прокнижи и службени бодови со Шкупи.
Поголема неизвесност се очекува на вториот натпревар во Куманово. Домашниот тим на Башкими веќе оствари две победи, а одигра и нерешено со Арсими. Стружани иако имаат максимални три триумфи, сепак на денешниот дуел ќе мора добро да се испотат за да го одржат тој ефект.
Двата натпревари ќе се играат во терминот од 16.30 часот, а оној од Гостивар може да го гледате низ ТВ пренос на МРТ3 или овде (линк).
ПМФЛ 4. КОЛО 16.30 часот
Сабота
АРСИМИ – СИЛЕКС
БАШКИМИ – СТРУГА Т.Л.
недела
ТИКВЕШ – АП БРЕРА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
Петок
ШКУПИ – ВАРДАР Струмица 2-4
нема одреден термин
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА




































