Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски официјално има нов клуб. Станува збор за шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс.

Миовски потпиша четиригодишен договор со клубот и стана 11-то засилување во летниот преоден рок за Ренџерс.

Штипјанецот веќе има две сезони зад себе во шкотската Премиер лига (2022/2024), во екипата на Абердин, за која постигна 44 гола. Неговите настапи во тој тим му донесоа трансфер во шпанската Џирона, каде што одигра 21 натпревар минатата сезона.

„Навистина сум возбуден што се приклучувам на Ренџерс и што го правам следниот чекор во мојата кариера. 
Ова е огромен клуб со неверојатна историја и ми е чест што имам можност да бидам дел од него.
Во моментот кога слушнав за интересот, знаев дека ова е местото каде што сакам да бидам.
Едвај чекам да почнам, да ги запознаам моите нови соиграчи и да играм пред навивачите“, изјави Миовски.