Екипите на Еурофарм Пелистер во машка и Будуќност во женска конкуренција се победници на првото издание на регионалниот ракометен турнир Скопје 2025.

Ова е епилогот по тридневното натпреварување чија заврница се одиграа во СЦ „Јане Сандански“. На турнирот на кој настапуваат осум екипи од Македонија, Србија и Црна Гора кај дамите најдобра беше црногорската екипа Будуќност.

Македонското дерби меѓу шампионот Ѓорче Петров и вицепрвакот Металург Автокоманда, по голема борба, заврши без победник, што е одлична најава дека овие два тима ќе водат жестока борба за трофеите на домашната сцена и во претстојната сезона.

А, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер со три победи во исто толку натпревари беше најдобар во машка конкуренција. Битолчани во последното коло го добија лутиот ривал Вардар и заслужено се радуваа. Ова беше втор триумф на зелено-белите во претсезоната откако првиот го остварија на турнирот во Охрид.

Веќе во среда Еурофарм Пелистер и Вардар ќе ја имаат третата пресметка. Тие ќе се борат за трофеј во Супер купот, што ќе се игра во Кавадарци.