Втор ден натпревари на регионалниот ракометен турнир во Скопје 2025 кој е во организација на Ракометната федерација на Македонија.
На турнирот на кој настапуваат осум екипи од Македонија, Србија и Црна Гора денеска повторно ќе се играа четири натпревари.
Дамите се оние кои први на теренот ќе истрчаат на теренот во СЦ „Борис Трајковски“. Македонскиот вицепрвак Металург Автокоманда за противник го црногорскиот Будуќност. Потоа следува настапот на шампионот во ж машка конкуренција Еурофарм Пелистер кој исто така ќе игра против црногорска екипа и тоа Будуќност.
Македонско-српскиот двомеч ќе го почнат ракометарките на Ѓорче Петров и Бор, а потоа ќе следи дуелот меѓу ракометарите на Вардар и Војводина.
Термините за одигрување на натпреварите се: 15, 17, 19 и 21 часот.
Потсетување дека влезот на вратите во СЦ „Борис Трајковски“ е слободен. Воедно сите натпревари може да ги гледате во живо на Јутуб платформата на РФМ (овде).

 
             
		
