Екипата на Вардар ја оствари третата победа во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Во воведниот натпревар од 4.коло, одигран попладнево во Струмица без публика, Вардар со пресврт славеше убедлива победа над Шкупи со 4-2.

Натпреварот започна со најбрзиот гол во историјата на мак-фудбалот. Само што тргнаа од центарот и по 9 секунди игра чаирчани поведоа со 1-0. По долгата упатена топка, Муарем ја претрча вардаровата одбрана и го надмудри Талески, а Матиќ во обид да спаси, само го потврди голот.

Сепак Вардарци брзо ја анулираат негативата и преку Данев во 16.минута го израмни резултатот на 1-1. Веќе во 35.минута грешката на одбраната на Шкупи казни Омерагиќ за водство на Вардар од 1-2. Уште по очајна беше реакцијата на вардаровата одбрана во 38.минута. Дестани меѓу тројца вардарови фудбалери стигна до топката и го совлада Талески за 2-2. Но тоа не беше крај на „голеадата“ во првиот дел. Се играше четвртата минута од дополнувањето кога Закариќ повторно му донесе водство на Вардар од 2-3.

Во вториот дел иако црвено-црните имаа неколку шанси да ја зголемат и поубедливо предноста, сепак искористија само една и тоа на крајот. Во судиското дополнување по брзата контра Спахиу ги постави конечните 4-2 за Вардар.

Утре и задутре ќе се одиграат по два натпревари, а последниот од ова коло ќе биде дополнително закажан

ПМФЛ 4. КОЛО (16.30 часот)

Петок
ШКУПИ – ВАРДАР 2-4
Сабота
АРСИМИ – СИЛЕКС
БАШКИМИ – СТРУГА Т.Л.
недела
ТИКВЕШ – АП БРЕРА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
не е одреден термин
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

Следете нé на социјалните мрежи