Со натпреварот што ќе се игра попладнево во Струмица, меѓу Шкупи и Вардар ќе почне 4.коло во ПМФЛ.
Чаирчани не добија дозвола од ФФМ да играат на својот домашен терен поради неисполнување на голем број на услови. Затоа овој натпревар ќе се игра во Струмица и тоа пред празни трибини.
Имено, во договор на двата клуба решено е да вратите на стадионот „Младост“ да бидат затворени за навивачите.
Чаирчани кои се во огромна резултатска и организациона криза, се на дното на табелата со три пораз од кои едниот службен со Силекс. Вардар пак стартуваше со две победи по што се спасуваше од пораз во дуелот со АП Брера. Сепак, црвено-црните во овој меч кој некогаш го носеше префиксот дерби важат за фаворити.
Натпреварот ќе почне во терминот од 16.30 часот, а може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.
ПМФЛ 4. КОЛО (16.30 часот)
Петок
ШКУПИ – ВАРДАР Струмица
Сабота
АРСИМИ – СИЛЕКС
БАШКИМИ – СТРУГА Т.Л.
недела
ТИКВЕШ – АП БРЕРА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
не е одреден термин
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА




































