Уште еден викенд е пред нас со огромна понуда за обложување на клупски фудбал пред обврските да се преселат на репрезентативно ниво.

Поради тоа се одлучивме да ги искористиме најдобрите коефициенти кои Златна Копачка ги нуди за најзвучните фаворити од топ 5 лигите во Европа.

Споивме шест пара кои веруваме дека ќе ни донесат солидна добивка:

ТОТЕНХЕМ – БОРНМУТ: 1+ гола во прво и 1+ гола во второ полувреме

Петлите тргнаа сигурно во новата сезона со две победи од кои едната е против Сити на гости, при тоа немаат примено гол. Борнмут е екипа која знае да им прави проблеми на фаворитите, па затоа наместо победник ќе типуваме да има барем по еден гол во двете полувремиња.

НАПОЛИ – КАЉАРИ: Победа домаќин и 1+ гола во второ полувреме

Италијанскиот првак рутински ја отвори сезоната во Серија А, а сега на ред е и Каљари да го почувствува квалитетот на четата на Конте. Наполи е во серија од три победи над Каљари на домашен терен во кои постигна по два гола, па се очекува и овој дуел да заврши со сличен исход.

ПИЗА – РОМА: 0-2 гола во прво и 1-3 гола во второ полувреме

Пиза изненади со реми на гости кај Аталанта во премиерното коло во Калчото, додека Рома со минималниот триумф над Болоња најави дека ќе биде сериозен проблем оваа сезона. Сега наместо да се бара победник, очекуваме да има погодоци и тоа максимум до два гола во првите 45 минути, а во вториот дел да се падне барем еден, односно не повеќе од три гола.

ИНТЕР – УДИНЕЗЕ: Победа домаќин и 1+ гола во прво и 1+ гола во второ полувреме

Петардата на Интер која ја испука против Торино беше најава дека европскиот и италијански вицепрвак сезонава ќе биде главен конкурент за Скудетото, а тоа воопшто не се добри вести за Удинезе. Се очекува нов триумф на Интер со тоа што Лаутаро и дружината повторно треба да решетаат во двете полувремиња.

РЕАЛ МАДРИД – МАЈОРА: Домаќинот да постигне 2+ гола во второ полувреме

Чаби Алонсо ја почна ерата во Реал со две победи во кои најмногу се истакна Мбапе со три погодоци. Кралевите треба да бидат фуриозни и во оваа средба, па со 3/3 да заминат на репрезентативната пауза. Мајорка е редовен пациент на „Бернабеу“, па не се гледа сценарио во кое гостите овојпат ќе се спасат од потоп.

ЛАЈПЦИГ – ХАЈДЕНХАЈМ: Домаќинот да постигне 2+ гола

Црвените бикови не можеа да си замислат дека сезоната ќе ја отворат со дебакл од Баерн среде Минхен, но поразот од 0-6 треба веднаш да се заборави, а раните да се лечат со позитивен резултат против Хајденхајм. Во рамки од Бундеслигата, Лајпциг бележи три победи и едно реми против оваа екипа, а нам ни се потребни барем два гола од домаќините според типот.

За овие шест дуели да ни донесат солидна добивка, стандардно вложивме 200 денари, а доколку вие сакате да го искорисите нашиот предлог-тикет со кодот за брза уплата, може да уплатите колку што ви одговара. Можете да го сторите тоа до утре до 15:29 часот пред почетокот на првиот натпревар.

КОД: 40649